Нови програми
ЦОР Алка ќе биде имплементирачка организација на форумскиот процес во општината Македонски Брод, во рамките на третиот циклус од Програмата Форуми во заедницата.
Во овој циклус, програмата Форуми во заедницата продолжува да се имплементира во нови 12 општини. По овој повод, на свеченоста одржана во хотелот Александар Палас, на 25 септември 2009, беа потпишани договорите меѓу општините, имплементирачките организации и донаторот Швајцарската агенција за развој и соработка.
На свеченоста свое обраќање имаа Директорката на Канцеларијата на Швајцарската агенција за развој и соработка, Г-ѓа Татијана Фон Штајгер Вебер, г-дин Изет Меџити, Потпретседател на ЗЕЛС.
Од името на петте граѓански организации кои ја имплементираат програмата во Република Македонија, на присутните им се обрати Г-дин Жарко Џипунов, Извршен Директор на ЦОР Алка, а како претставник од Единиците на Локалната самоуправа присутните ги поздрави Градоначалникот на Општина Аеродром, г-дин Ивица Коневски.
Во рамките на овој циклус ќе се спроведуваат три типа на форуми: традиционален, буџетски и меѓуопштински форум.
ЦОР Алка во општина Македонски Брод ќе спроведува традиционален форум. Проектниот фонд кој е на располагање на Форумот во општина Македонски Брод изнесува 4 000 000 денари, од кои 3 000 000 денари се обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка, а 1 000 000 денари се учество на Локалната самоуправа на општина Македонски Брод.
Жителите на Долнени избраа два проекти прочитај повеќе...
Презентирани предлог-проектите во Долнени прочитај повеќе...
Презентација на предлог-проектите во Долнени прочитај повеќе...
Жителите на Долнени ги презентираа предлог-концептите прочитај повеќе...
Презентации на работните групи-трета сесија во Долнени прочитај повеќе...
Дефинирање на проблемите - втора сесија во Долнени прочитај повеќе...
Жителите на Долнени за Заштита на животната средина прочитај повеќе...
Програма “ Форуми во заедницата”
Финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ)
За период од 18 месеци, започнувајќи од Септември 2008
Врз основа на своето досегашно искуство во спроведување на развојни програми со примена на партиципативен пристап, ЗОРС “Алка” е селектирана како имплементирачка организација која ќе учествува во спроведување на вториот дел од Програмата “Форуми во заедницата”, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).
Целта на програмата “Форуми во заедницата” е да го поддржи процесот на децентрализација и да овозможи учество на граѓаните во развојот на заедницата на локално ниво. Применувајќи го форумскиот пристап оваа програма претставува платформа за развој што овозможува (1) граѓаните да си го подобрат животот со свои сопствени идеи и учество и (2) администрацијата да развие локално управување преку учество, одговорност и доверба.
Со имплементација на програмските активности се очекува да се започне во Септември кога ќе бидат селектирани општините кои ќе бидат вклучени во програмата.
Покрај ЗОРС “Алка” програмата ја спроведуваат Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ), Центарот за институционален развој (ЦИРА), Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), со координација од страна на Единицата за координација на форумите/Консалтинг за стратешки развој.
Буџетот е 33.000ЕУР
Финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ)
Период на имплементација, Септември 2008 до Март 2010













