• Новости
  • Организација
  • Програми
  • Документи
  • Консултантство
  • Буџет и Ревизија
  • Донатори
  • Галерија
  • Контакт
За Нас Визија и Мисија Капацитети и вештини Организациска структура Статут
Тековни Минати
Обрасци Брошури и Публикации Фотогалерија

Site menu:

Како да добијам резултати на Македонски јазик?

Портфолио

Портфолио


Донатори

СИДА Лого

SDC Logo


Партнери

ZELS Vardarski planski region Vardarski planski regionIstocen Region Skopski planski regionCentar za razvoj na Pelagoniskiot region

Билтени

Билтен

Bilten Albanski

Минати

Проект за подршка на децентрализацијата

Проект за “Поддршка на процесот на децентрализација во Македонија”

Финансиран од Британска Амбасада, Скопје 1ви Декември - 31ви Мај 2008

Целите на Проектот се насочени кон поддршка на процесот на децентрализација во Македонија преку претставување на правен прирачник за децентрализацијата, кој за  корисниците е практичен и лесен за користење. Целта на прирачникот е да ги упрости комплицираните правно подготвени 50 закони за децентрализација во еден единствен и едноставен формат кој што со сигурност ќе овозможи секој да ги разбере своите права и ќе овозможи да се подобрат услугите од јавните сервиси, особено во мулти етничките општини.

ПДФПревземи го прирачникот 2.03 Mb

Проектно влијание

  • Поддршка на процесот на Децентрализација во Македонија и нејзината мирна транзиција од пост-конфликтна ситуација во кандидат земја за ЕУ, преку спроведување на Охридскиот Рамковен Договор, како главен предуслов за процесот на приближување кон ЕУ и НАТО;

  • Јасно изразување на целите на децентрализацијата како и можностите за користење на партиципативната демократија на локално ниво;

  • Зголемена јавна свест за јавната партиципација во сите локални процеси: процесите на планирање, образование, локален развој, работата на локалната администрација и општинскиот буџет;

  • Проактивни и образовани граѓани, свесни за своите права и одговорности.

Проектни активности

  1. Подготовка на практичен прирачник, за секоја битна општинска компетенција;   

  2. Продукција на њеб формат и 300 ЦД-а “спремни за принтање” со практичниот прирачник за општинските компетенции и релевантни УК најдобри практики;

  3. Доставување на “спремните за принтање” ЦД-а од прирачникот до 85+10 општини, локални НВО-и, Граѓански информативни центри и Владини институции;

  4. Базирајќи се на најдобрите практики од УК, веќе обезбедени од ЛГА1, подготовка на документ “Изјава за вклученост на заедниците” (ИВЗ) за 3 пилот општини;

  5. Организирање на тематска конференција за ИВЗ и партиципацијата на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво;

  6. Усвојување на ИВЗ во 3 пилот општини со воспоставување на процедури за вклучување на заедниците во процесот на планирање и имплементирање на локалните иницијативи;

  7. Формирање на Комитет за Локален Развој (КЛР) во 3 општини, со претставници од локалната и јавна администрација и граѓанското општество;

  8. Тренинг и менторство за членовите на КЛР при користење на искуствата во следните компетенции: Образование; Вклучување на заедниците и комуникација (јавна партиципација); Локален развој (процедури и планирање, јавно-приватно партнерство, туризам и др.);

  9. Редовно надополнување на њеб страните, од таргетираните општини, за тековните проектни активности.

Овој проект цели кон адресирање на следните точки:

  1. Обезбедување на практичен правен прирачник, кој ќе им користи на граѓаните за да ги разберат комплицираните правно подготвени 50 закони за децентрализација;

  2. Обезбедување на најдобри практики (УК и локални) за партиципација на заедниците, надополнети со пилотирање на ИВЗ практиката;

  3. Креирање на локала група на борци за децентрализација кои што ќе ја поддржуваат општината, преку менторство и тренинзи на работното место;

  4. Подигнување на профилот на најдобрите децентрализациони практики, за илустрирање на успехот, за креирање на притисок за промена во пасивните општини и презентирање на централната власт дека децентрализацијата значи подобар квалитет на услуги кој води кон стабилна и функционална демократија;

  5. Подобрување на способностите на општините за комуникација со централната власт. 

Decentralizacija

[назад]

English
Публикации Декларација Декларација Јас и мојата општина Јас и Мојата ОпштинаПрирачник Прирачник Брошура Брошура

Copyright © 2009 Alka. Design by Dejan Gorgievski.