Портфолио

Портфолио


Донатори

СИДА Лого

SDC Logo


Партнери

ZELS Vardarski planski region Vardarski planski regionIstocen Region Skopski planski regionCentar za razvoj na Pelagoniskiot region

Билтени

Билтен

Bilten Albanski

Студиска посета на институциите во Елбасан, Албанија

На 26 Mај беше организирана студиска посета на институциите во Елбасан, партнери во Проектот „Воспоставување на институционализирани прекугранични партнерства со пристапот луѓе на луѓе„. На претставниците од Македонија им беа презентирани социјалните услуги превземени од страна на општината Елбасан и граѓанскиот сектор,разменети беа  најдобрите практики кои ќе можат да се применат во Македонија и ќе се  користат како инструменти за понатамошни иницијативи. Обезбедување на социјални услуги бара стандарди и искуства. Опшествените чинители од  двата региони одразуваат искуство во поддршка на маргинализираните и ранливите групи. За време на студиската посета, претставници на општините, студенти и професори се сретнаа со своите колеги и имаа можност да се запознаат со  начините на организирање и испорачување на социјалните услуги до крајните ккорисници.

Вториот дел на студиската посета беше реализирана и организирана од страна на RIEMAR центарот, каде што учесниците имаа можност да се запознаат со услуги кои центарот успешно ги испорачува на младите загрозени групи.

Студиската посета беше во организација на ТЈЕТАР ВИЗИОН и општина Елбасан.