Студиска посета на партнерите во проектот на Универзитетот на Југо Источна Европа, Општина Тетово и Гостивар и соодветните општински институции, 15-16 Јуни 2011
Во текот на деновите на студиската посета, претставници од Општина Елбасан, Универзитетот "Александар Џувани" - Факултет за образование, претставници на областа Треган, како и претставници од TJETЕР ВИЗИОН и АЛКА ги посетија партнерите од Македонска страна.
Студиската посета започна со посетата на ЈИЕУ - Универзитетот на Југо Источна Европа.
Воведен состанок беше организиран на највисоко универзитетско ниво со присуство на Ректорот на Универзитетот Проф. Др. Замир Дика и неговиот тим од професори.
За време на состанокот, дискусиите беа фокусирани на важноста на вмрежувањето помеѓу образовните институции, се со цел да ги зближи луѓето преку образованието, и покрај нивните разлики и бариери и особено, да се презентира и зајакне улогата на образованието и културата во овој пристап.
Посетата продолжи на Факултетот за Јавна Администрација и Политички Науки каде што професорите од одделите од двата универзитети разменија искуства во врска со наставата, додидпломски и после дипломските студии, и ги дискутираа точките за идна соработка помеѓу одделите.
Потоа делегацијата имаше разгледување на кампусот на ЈИЕУ, односно објектите за настава, сместување, амфитеатрите и библиотеката.






Во Општина Тетово гостите беа пречекани и поздравени од Секретарот на Општината Г-ѓа. Дрита Мемети. На состанокот беа разменети искуства во обезбедувањето на социјални услуги за граѓаните, во двете општини Тетово и Елбасан.
Исто така на учесниците им беа презентирани главните одговорности и надлежности на општинската администрација, со фокус на локалниот економски развој и испораката на социјални услуги за граѓаните.
Посетата на градот Тетово продолжи со прошетка низ стариот дел од градот каде што се сместени старите занаети, и заврши со разгледување на два објекта од историско значение кои се и културно наследство, Шарената џамија и комплексот Арабати Баба Теќе.



За време на посетата на општина Гостивар, партнерите во проектот беа поздравени од Председателот на советот на општината Г-дин. Фадил Зендели.
Во општинската сала беше направена презентација на најдобрите практики за локален развој со вклучување на граѓаните. Исто така беше презентиран општинскиот акционен план за лица со посебни потреби.
Партнерите во проектот ја искористија посетата да разменат искуства за презентираните теми.



Студиската посета на партнерите од Македонија и од Албанија и состаноците кои се одржаа во секоја од партнерските институции од Македонија им овозможи на учесниците да научат и дознаат повеќе за најдобрите практики кои се применуваат од страна на секој партнер. Исто така со посетата се направи значаен чекор напред кон зајакнување на партнерството и размената на искуствата преку практицирање на пристапот „институција со институција“ и „луѓе со луѓе“.













