Оглас за КО-МОДЕРАТОР - Општина Кавадарци-Росоман
Целта на програмата „Форуми во заедницата” е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на шест форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk).
Во периодот јули 2011 – декември 2012, Форумскиот процес во општините Кавадарци-Росоман ќе го спроведува Центарот за одржлив развој „Алка“.
За потребите на Форумот, се распишува оглас за избор на Ко-МОДЕРАТОРкој ќе биде ангажиран во времетрање од 6 месеци, 9 работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време.
Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 7-9 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите.
Задачи, одговорности и очекувани резултати:
- Раководење и координирање со Оперативната група;
- Организирање и ко-модерирање на форумски сесии, вклучително и регрутација на учесници на форумот;
- Помош на модераторот при водењето на форумските сесиите;
- Организирање и ко-модерирање на состаноци помеѓу форумски сесии;
- Техничка подготовка на форумски сесии (сала, постери, опрема);
- Координирање на активностите за односи со јавноста на локално ниво;
- Подготовка и чување на документите за и од форумските сесии и работата помеѓу сесиите (записник, листи на учесници, покани и сл.);
- Учество на обуки организирани од страна на ЕКФ, Алка и SDC;
- Подготовка на месечни извештаи.
Квалификации и искуство:
- универзитетско образование
- познавање на англиски јазик
- активно користење на компјутер (Word, Excel, Outlook)
- познавање на процесот на децентрализација
- искуство во работа со невладни организации
- да е жител на општината
- искуство во фасилитација, координација и известување
- наклонетост кон тимска работа
- одлични комуникациски вештини
Избраниот кандидат ќе присуствува на тридневна обука во периодот од 13ти до 15ти јули, која ќе се одржи во Скопје. Присуството на обуката е задолжително.
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и писмо за мотивација, најдоцна до 6 јули, на следната електронска пошта:
snezana.kapsarova@alka.org.mk













