Оглас за КО-МОДЕРАТОР - Општина Демир Капија
Целта на програмата „Форуми во заедницата” е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на шест форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk).
Во периодот јули 2011 – декември 2012, Форумскиот процес во општина Демир Капија ќе го спроведува Центарот за Одржлив Развој АЛКА од Скопје.
За потребите на Форумот, се распишува оглас за избор на Ко-МОДЕРАТОРкој ќе биде ангажиран во времетрање од 6 месеци, 7 работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време.
Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 6-8 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите.
Задачи, одговорности и очекувани резултати:
- Раководење и координирање со Оперативната група;
- Организирање и ко-модерирање на форумски сесии, вклучително и регрутација на учесници на форумот;
- Помош на модераторот при водењето на форумските сесиите;
- Организирање и ко-модерирање на состаноци помеѓу форумски сесии;
- Техничка подготовка на форумски сесии (сала, постери, опрема);
- Координирање на активностите за односи со јавноста на локално ниво;
- Подготовка и чување на документите за и од форумските сесии и работата помеѓу сесиите (записник, листи на учесници, покани и сл.);
- Учество на обуки организирани од страна на ЕКФ, АЛКА и SDC;
- Подготовка на месечни извештаи.
Квалификации и искуство:
- универзитетско образование
- познавање на англиски јазик
- активно користење на компјутер (word, excel, outlook)
- познавање на процесот на децентрализација
- искуство во работа со невладни организации
- да е жител на општината
- искуство во фасилитација, координација и известување
- наклонетост кон тимска работа
- одлични комуникациски вештини
Избраниот кандидат ќе присуствува на задолжителна тридневна обука која ќе се одржи во Скопје во периодот од 13ти до 15ти Јули 2011.
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (ЦВ) и писмо за мотивација, најдоцна до 6 јули, на следната електронска пошта:
elizabeta.gj@alka.org.mk; и на alka@alka.org.mk













