Одржан координативен состанок на проектните тимови од АЛКА и ТЈЕТАР ВИСИОН
На 15 и 16 Април во канцелариите на ТЈЕТАР ВИСИОН во Елбасан, Албанија се одржа координативен состанок на проектните тимови од страна на двете водечки организации во проектот „Воспоставување на институционализирани прекугранични партнерства со пристапот луѓе на луѓе„. На состанокот детално се разгледаа и анализираа предвидените активности и се одлучуваше за најцелисходните начини за спроведување на активностите. Бидејќи помина доста време од поднесување на проектот до неговата имплементација, проектните тимови ја ревидираа Временската рамка на активности.













