ПРЕПАРЕ Собир 2010
30 Август – 3 Септември
Охрид, Македонија
Градење Партнерства за Рурален Развој
Реформа на Заедничка земјоделска Политика после 2013
ПРЕПАРЕ – Партнерството за рурална Европа - цели кон зајакнување на граѓанското општество и промоција на транснационалната соработка во областа на руралниот развој, посебно во новите земји членки на ЕУ и земјите кандидатки за членство. Традиционалната ПРЕПАРЕ 2010 годишна конференција е серија на поврзани настани кои што ќе се организираат во Република Македонија со цел да ги зближи претставниците на граѓанското општество и организациите од јавниот сектор од Централна и Југо-Источна Европа, но исто така и земјите членки на Европската Унија.
ПРЕПАРЕ Собирот се состои од серија поврзани настани кои што оваа година ќе се организираат во Македонија, со цел да ги поврзи претставниците на граѓанските организации, институциите и приватниот сектор посветени на развојот на руралните средини, првенствено од Централна и Југоисточна Европа но и од земјите членки на Европската Унија.
Главните цели на годишниот собир се:
- Да им се даде можност на граѓанските организации и институции посветени на руралниот развој, преку свои претставници да дискутираат и да ги изразат своите видувања на тековните и идните предизвици во руралниот развој во Европа.
- Да се создаде простор за размена на искуства и идеи, да се стимулира соработката помеѓу општествените чинители во руралниот развој на земјите од Централна и Источна Европа кои се веќе членки на Европската Унија и тие кои се подготвуваат за пристап посебно од Југо-Источниот Европски регион;
- Да го промовира дијалогот помеѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор.
Планираниот собир вклучува:
- Конференција - Воспоставување и градење на капацитетите на мрежи за рурален развој – презентации и дискусии за ситуацијата на руралното граѓанско општество и подготовките за пристап во Европската Унија на земјите кандидатки за влез во ЕУ.
- Серија од работилници – организирани работни посети на општини и организации кои се пример за добри практики и локални иницијативи во одржливиот рурален развој во Република Македонија.
- Пленарна сесија: Заедничка земјоделска политика на Европска Унија (CAP) по 2013 година – опис на процесот на промени и програмирање на Заедничката Земјоделска Политика за периодот од 2014 – 2020;
- Размена на идеи помеѓу учесниците за идна соработка, презентација на идеи (Brainstorming) за следните активности на ПРЕПАРЕ со посебно внимание на земјите од Југо-Источна Европа.
Деталната програма и регистрационата форма се достапни на ПРЕПАРЕ web страната www.preparenetwork.org и на АЛКА web страната www.alka.org.mk За времетраењето на настанот, учесниците ќе бидат сместени во Охрид (Хотел Силекс) на брегот на познатото и популарно Охридско Езеро на југ од Скопје. Како и минатата година, трошоците за учесниците од Централна и Југо-Источна Европа, ќе бидат покриени од ПРЕПАРЕ благодарение на поддршката на Фондацијата Charles Steward MOTT.
PREPARE Собир драфт програма 2010 [превземи]
PREPARE Собир 2010 Форма за регистрација [превземи]














