• Новости
  • Организација
  • Програми
  • Документи
  • Консултантство
  • Буџет и Ревизија
  • Донатори
  • Галерија
  • Контакт
За Нас Визија и Мисија Капацитети и вештини Организациска структура Статут
Тековни Минати
Обрасци Брошури и Публикации Фотогалерија

Site menu:

Како да добијам резултати на Македонски јазик?

Портфолио

Портфолио


Донатори

СИДА Лого

SDC Logo


Партнери

ZELS Vardarski planski region Vardarski planski regionIstocen Region Skopski planski regionCentar za razvoj na Pelagoniskiot region

Билтени

Билтен

Bilten Albanski

Презентирани предлог-проектите во Долнени

Шестата форумска сесија во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ се одржа на 4 јуни во ресторанот “М“ во село Лажани, во присуство на 67 жители на општина Долнени.

Форумот, каде граѓаните еднаш месечно ги утврдуваат и предлагаат решенија за секојдневните проблеми, ги презентираше и дискутираше за проектите кои призлегоа од досегашните одржани форуми.

Тоа се – “Управување со цврстиот отпад во населените места и едукација на населението-јакнење на јавната свест“, “Решавање на проблемот со водоснабдување во населените места Житоше, Долно Житоше и Локвени“, “Регулација на речно корито во населено место Црнилиште“, “Подобрување на условите за спорт и рекреација во населено место Долнени“ и “Подобрување на ефикасноста во справување со пожарите во општина Долнени“.

Присутните жители ги одобрија сите проекти, освен петтиот, кој беше повлечен од предлагачот бидејќи го надмина буџетскиот лимит.

Програмата “Форуми во заедницата“ во општина Долнени е финасирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), во соработка со општината.

Вкупниот буџет на Програмата во оваа општина изнесува шест милиони денари, од кои 1,5 милиони се учество на општината, а 4,5 милиони денари донација на СДЦ.

Оваа фаза на Програмата, освен Долнени, вклучува уште седум општини – Кочани, Ново Село, Битола, Ресен, Берово, Свети Николе и Сарај.

[назад]

English
Публикации Декларација Декларација Јас и мојата општина Јас и Мојата ОпштинаПрирачник Прирачник Брошура Брошура

Copyright © 2009 Alka. Design by Dejan Gorgievski.