• Новости
  • Организација
  • Програми
  • Документи
  • Консултантство
  • Буџет и Ревизија
  • Донатори
  • Галерија
  • Контакт
За Нас Визија и Мисија Капацитети и вештини Организациска структура Статут
Тековни Минати
Обрасци Брошури и Публикации Фотогалерија

Site menu:

Како да добијам резултати на Македонски јазик?

Портфолио

Портфолио


Донатори

СИДА Лого

SDC Logo


Партнери

ZELS Vardarski planski region Vardarski planski regionIstocen Region Skopski planski regionCentar za razvoj na Pelagoniskiot region

Билтени

Билтен

Bilten Albanski

Презентации на работните групи-трета сесија во Долнени

Третата форумска сесија во општина Долнени, во присуство на 95 жители на општината, се одржа на 11 февруари, во ресторанот  “М“, во село Лажани.

definiranje na problemi dolneni 3На сесијата, што се одржува во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ беа презентирани извештаите од работните групи на жителите, кои согласно утврдените проблеми, ги формираа на претходната сесија - “Непостоење на канализациии за фекални води“, “Комунален отпад“ и “Недостаток на здрава вода за пиење“.

“Предложив изработка на речно корито во село Црнилиште, и мислам дека со моето присуство на сесиите, ќе допринесам мојот предлог да се усвои бидејќи, со овој предлог, ќе се отстранат сите опасности да се зилива водата која што минува низ центарот на селото“, вели Севдет Адеми, жител на општината.

Третата форумска сесија утврди шест предлог-решенија, во рамки на главната тема “Заштита на животната средина“, за кои се фомираа работни групи кои ќе ги истражат информациите на терен и ќе ги презентираат резултатите на наредната, четврта сесија.
    Извештаите од работните групи беа проследени со слајдови и слики направени при теренското испитување.definiranje na problemi dolneni 4

Според Демирали Елези, жител на општината, учесник на Форумот, “изработката на спортски објекти ќе допринесат да се активира младината во селото“.

“Како член на работната маса, предложив изработка на спортски објекти што ќе им помогнат на младите да се активираат во селото“, вели Елези.

Програмата Форуми во заедницата, во новиот циклус, освен Долнени, вклучи уште седум општини - Берово, Битола, Свети Николе, Ресен, Ново Село, Кочани и Сарај.

[назад]

English
Публикации Декларација Декларација Јас и мојата општина Јас и Мојата ОпштинаПрирачник Прирачник Брошура Брошура

Copyright © 2009 Alka. Design by Dejan Gorgievski.