Форуми во заедницата во нови 12 општини
ЦОР Алка ќе биде имплементирачка организација на форумскиот процес во општината Македонски Брод, во рамките на третиот циклус од Програмата Форуми во заедницата.
Во овој циклус, програмата Форуми во заедницата продолжува да се имплементира во нови 12 општини. По овој повод, на свеченоста одржана во хотелот Александар Палас, на 25 септември 2009, беа потпишани договорите меѓу општините, имплементирачките организации и донаторот Швајцарската агенција за развој и соработка.
На свеченоста свое обраќање имаа Директорката на Канцеларијата на Швајцарската агенција за развој и соработка, Г-ѓа Татијана Фон Штајгер Вебер, г-дин Изет Меџити, Потпретседател на ЗЕЛС.
Од името на петте граѓански организации кои ја имплементираат програмата во Република Македонија, на присутните им се обрати Г-дин Жарко Џипунов, Извршен Директор на ЦОР Алка, а како претставник од Единиците на Локалната самоуправа присутните ги поздрави Градоначалникот на Општина Аеродром, г-дин Ивица Коневски.
Во рамките на овој циклус ќе се спроведуваат три типа на форуми: традиционален, буџетски и меѓуопштински форум.
ЦОР Алка во општина Македонски Брод ќе спроведува традиционален форум. Проектниот фонд кој е на располагање на Форумот во општина Македонски Брод изнесува 4 000 000 денари, од кои 3 000 000 денари се обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка, а 1 000 000 денари се учество на Локалната самоуправа на општина Македонски Брод.
Повеќе за Програмата форуми во заедниците. . .













