Тркалезна маса
Здружението за одржлив развој и соработка „Алка” од Скопје во рамките на своите програмски активности го спроведува проектот „Поддршка на процесот на децентрализација во Република Македонија” поддржан од Британската Амбасада во Скопје.
Целите на овој проект се насочени кон поддрршка на процесот на децентрализација преку изготвување на прирачник наменет на граѓаните кој е лесен и практичен за користење. За прв пат во Репубилка Македонија се работи на полето на вклученоста на граѓаните во донесувањето на одлуки на општинско ниво, со користење на Британските најдобри искуства.
Една од проектни активности е и тркалезната маса на тема “Вклученост на граѓаните во донесување на одлуки на општинско ниво” која се одржа на 21ви Април (Понеделник) 2008 година во просториите на Скопски саем (Дипломатик сала) со почеток во 11 часот. Главна цел на Тркалезната маса беше да се дискутира за подготвената "Изјава за вклученост на граѓаните" како и можностите за партиципацијата на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво.
На тркалезна маса беа повикани претставници на:
-
Експертскиот тим и членовите на Комитетите за Локален Развој од трите пилот општини, кои се директно вклучени во проектните активности
-
Експерт од Асоцијацијата на Локалните Власти на Велика Британија
-
Претставници од општини со кои Здружението “Алка” активно соработува
-
Претставници од ЗЕЛС, релевантни актери во процесот на децентрализацијата, МЛоС, Донаторски и Невладини организации, медиуми и други заинтересирани.
Превземи ја Изјавата за вклученост на заедницата (работна верзија) 99.51 Kb













