map

Мапа на нов програм

nov_proekt

Мапа на минати програми

stari_proekti

Посети:

mod_vvisit_counterДенес13
mod_vvisit_counterВчера125
mod_vvisit_counterОваа недела252
mod_vvisit_counterОвој месец1846
mod_vvisit_counterВкупно19428
Новости
Нови програми Испечати Е-пошта
15.09.2008.
Програма “ Форуми во заедницата”
Финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ)
За период од 18 месеци, започнувајќи од Септември 2008

Врз основа на своето досегашно искуство во спроведување на развојни програми со примена на партиципативен пристап, ЗОРС “Алка” е селектирана како имплементирачка организација која ќе учествува во спроведување на вториот дел од Програмата “Форуми во заедницата”, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).

Целта на програмата  “Форуми во заедницата” е да го поддржи процесот на децентрализација и да овозможи учество на граѓаните во развојот на заедницата на локално ниво. Применувајќи го форумскиот пристап оваа програма претставува платформа за развој што овозможува (1) граѓаните да си го подобрат животот со свои сопствени идеи и учество и (2) администрацијата да развие локално управување преку учество, одговорност и доверба.

Со имплементација на програмските активности се очекува да се започне во Септември кога ќе бидат селектирани општините кои ќе бидат вклучени во програмата.

Покрај ЗОРС “Алка” програмата ја спроведуваат Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ), Центарот за институционален развој (ЦИРА), Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), со координација од страна на Единицата за координација на форумите/Консалтинг за стратешки развој.


Буџетот е 33.000ЕУР
Финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ)
Период на имплементација, Септември 2008 до Март 2010


Дополнителни активности на програмата
„Интегриран Развој на Рурални Заедници”

Финансирана од Сида
Период, Јуни 2008 – Март 2009

Во рамките на тековната Програма „Интергриран развој на рурални заедници”, ЗОРС „Алка” предложи дополнителни активности со дополнителен буџет, кои што се прифатени од Сида.

Целта на овие дополнителни активности е да се пружи континуирана поддршка на руралните заедници во Македонија. Алка се фокусира на сите 26 општини каде што има работено во периодот 2004 – 2008. Овие активности ја користат веќе воспоставената методологија и алатки на Алка, за постигнување на максимално одржливо влијание.

Со активностите ќе се решат дванаесет (12) рурални приоритетни проблеми. Во исто време проектните резултати ќе ги зголемат капацитетите на општините за проектно раководење и спроведување; ќе го зголемат знаењето на локалната популација и ќе ги подобрат условите за живот во руралните области. Следствено, значајното искуство и капацитетите на Алка во користење на потврдениот пристап на партиципација ќе допринесе за понатамошно продуцирање на позитивни резултати во процесот на децентрализација, ќе ги подобри потенцијалите за економски раст и ќе го стимулира одржливиот развој на руралните заедници во регионот.

Буџетот е 489.980 ЕУР
Финансирана од Шведска меѓународна агенција за развојна соработка – Сида
Период на имплементација, Јуни 2008 до Март 2009


 
Нови Програми на АЛКА Испечати Е-пошта
1.08.2008.

Следејќи ги актуелните случувања во државата, Здружението е активно и на полето на поддршка на процесот на децентрализација. Во таа насока, во периодот од септември 2006 до април 2007 година спроведена е програмата Промоција на децентрализационите процеси блиски на граѓаните преку аплицирање на најдобрите британски практики - проект поддржан од британската амбасада во Македонија.

Во тековниов период Алка работи на спроведување на две програми кои претставуваат продолжување на активностите на Здружението за поддршка на одржливиот развој на руралните заедници и промоција и поддршка на процесот на децентрализација.

Програмата Интегриран Рурален Развој (ИРР), финансирана од Шведската Агенција Сида, ќе се спроведува во период од Јануари 2008 до Март 2009 година. Со програмските активности ќе бидат опфатени девет општини и 18 рурални заедници во нивните рамки.

Во рамките на Програмата, одобрени се дополнителни активности со временска рамка од Јуни 2008 до Март 2009. Целта на овие активности е да се даде одржлива и континуирана поддршка на 26 Општини, каде Здружението има работено во период 2004-2008 година.

Програмата Поддршка на Процесот на Децентрализација (ППД) која финансиски е поддржана од Британската амбасада, се спроведува во периодот од декември 2007 до мај 2008 година. Дополнителните промотивни активности се планирани да се имплементираат во Септември 2008.

 
Тркалезна маса Испечати Е-пошта
24.04.2008.
trkalezna_masa Здружението за одржлив развој и соработка „Алка” од Скопје во рамките на своите програмски активности го спроведува проектот „Поддршка на процесот на децентрализација во Република Македонија” поддржан од Британската Амбасада во Скопје.
 Целите на овој проект се насочени кон поддрршка на процесот на децентрализација преку изготвување на прирачник наменет на граѓаните кој е лесен и практичен за користење. За прв пат во Репубилка Македонија се работи на полето на вклученоста на граѓаните во донесувањето на одлуки на општинско ниво, со користење на Британските најдобри искуства.

Една од проектни активности е и тркалезната маса на тема “Вклученост на граѓаните во донесување на одлуки на општинско ниво” која се одржа на 21ви Април (Понеделник) 2008 година во просториите на Скопски саем (Дипломатик сала) со почеток во 11 часот. Главна цел на Тркалезната маса беше да се дискутира за подготвената "Изјава за вклученост на граѓаните" како и можностите за партиципацијата на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво.
    
На тркалезна маса беа повикани претставници на:
  • Експертскиот тим и членовите на Комитетите за Локален Развој од трите пилот општини, кои се директно вклучени во проектните активности
  • Експерт од Асоцијацијата на Локалните Власти на Велика Британија
  • Претставници од општини со кои Здружението “Алка” активно соработува
  • Претставници од ЗЕЛС, релевантни актери во процесот на децентрализацијата, МЛоС, Донаторски и Невладини организации, медиуми и други заинтересирани.
pdf Превземи ја Изјавата за вклученост на заедницата (работна верзија) 99.51 Kb
 
Одржана презентација и промовиран прирачник во Скопје Испечати Е-пошта
7.12.2007.

На 05.12.2007(среда) во хотелот Алескандар Палас во Скопје, со почеток во 11ч, Здружениетио за Одржлив Развој и Соработка  АЛКА одржа презентација на тема “Искуствата на АЛКА- можности и перспективи”, што воедно  е завршна во редот одржани Презентации низ Македонија. На Презентацијата беа претставени Резултати од досегашната работа на здружението, а воедно беше презентирана и методологијата на работа применета во спроведените проекти. Исто така посебен акцент беше ставен на можностите и перспективите за идни активности кои здруженеието ги идентивикуваше во својата досегашна работа. На крајот беше промовиран новиот Прирачник кој тимот на Алка го издаде изминатиот месец, а во кој е содржана целокупната методологија- дадена на користење и примена за сите организации и институции кои работат на слична проблематика.

prezentacija-rezult
 pdf ПРИРАЧНИК со најдобрите методолошки практики од партиципативниот пристап на Алка за одржлив развој
Прочитај повеќе...
 
Одржани 4 регионални презентации низ Македонија Испечати Е-пошта
3.12.2007.

Во изминативе недели Алка одржа Презентации во четири региони на Република Македонија. Четирите регионални Презентации беа со иста содржина како и завршната во Скопје, а намената беше за претставници од Општинските администрации на соодветниот регион, нивните месни заедници, како и регионални НВО. Истите се одржаа:  

  •            20.11.2007 Битола- Хотел Епинал- 11ч.
  •            22.11.2007 Струмица- Хотел Илинден- 11ч.
  •            27.11.2007 Велес- Хотел Романтик- 11ч.    
  •            28.11.2007 Маврово- Хотел Бистра- 11ч.
  •            05.11.2007 Скопје- Хотел Александар Палас, 11ч.

  Настаните беа медиумски покриени од страна на локалните телевизиски станици.

1-naslovna--prezentacija-bi
Прочитај повеќе...